Демири и Иванов остануваат ,,текстилци“

Фудбалскиот клуб Тетекс – Тетово постигна договор за продолжување на соработката со уште двајца стандарни фудбалери. Станува збор за прволигашкиот тандем, Димитар Иванов и Хусеин Демири кои и следната сезона ќе останат да ги бранат боите на ФК Тетекс.