Тетекс отвара фан-шоп!

Почитувани, 

Ве известуваме дека на веб сајтот на Фудбалскиот клуб Тетекс наскоро ќе има и официјален фан-шоп кој ќе работи онлине за сите фанови/симпатизери во Македонија и странство. Фан-шопот е единственото место каде што ексклузивно ќе можете да го добиете дресот на ФК Тетекс, како и многу други додатоци и сезонски карти. За подетални информации дополнително ќе бидете известени.