ФК Тетекс верува во своите надежи

Фудбалскиот клуб Тетекс продолжи со работа за формирање на тимот за следната сезона и ги обнови договорите со тројца млади фудбалери: Никола Сарески, Руфат Чилафи и Ринор Ајдини. Тетекс секогаш сакал во своите редови да има млади, перспективни и не афирмирани фудбалери. Стручниот штаб им дава шанса за напредување и за покажување на својот квалитет. Пред клубот се нови предизвици и со новите сили заеднички да продолжиме до посакуваната цел.