ФК Тетекс ги демантира обвинувањето на Кадино за прекршување на Фер-плејот!!

Почитувани фанови на ФК Тетекс почитувана македонска јавност, денеска на стадионот во Боговиње после завршувањето на натпреварот против ФК Кадино 1-1 се случија немили сцени. На самиот почеток сакаме да ги демантираме обвинувањата од страна на ФК Кадино дека нивните фудбалери биле нападнати од страна на нашите фудбалери. Напротив инцидентот започна пред соблекувалните од страна на фудбалер на ФК Кадино кој со шише нападна наш фудбалер. Потоа се случи мешаница помеѓу фудбалерите каде се најде официјално лице на гостите кој физички нападна двајца наши фудбалери.
Нашиот клуб како домаќин ја дочека екипата на Кадино одлично, дури на располагање им беше нашиот доктор бидејќи нивниот од непознати причини не беше присутен.
После овој инцидент со кој образ излагаат со сооштение на нивната фејсбук страница ФК Кадино која неможе да утврдиме дали е официјална или навивачка.
Нашиот клуб ниту бил некогаш насилен ниту ќе биде!!!

Со почит,

ФК Тетекс