ФК Тетекс со прва победа на стартот од сезоната

Тетекс оствари победа над ФК Велешта со резултат 2-1 на отворањето на новата сезона 2021/22 во ВМФЛ Запад. На Градскиот стадион во Тетово, нашиот тим славеше со погодоците на Александар Поповски и Нинослав Здравкоски. Новото засилување одлично реагираше во 11. минута кога им побегна на чуварите и со прецизен удар го надмудри гостинскиот голман Јонуз Нухи. Пред самиот крај на првото полувреме Велешта израмни на 1-1 со голот на Агон Хајредини. Во вториот дел нашиот капитен Здравкоски во 77. минута ја погоди мрежата на гостите за конечни 2-1.

1
Митев
23
Христовски
15
Ангеловски
14
Здравкоски
3
Јакупи
11
Поповски
44
Глигоров
8
Ајдини
2
Јакимовски
10
Демири
7
Иванов

Од клупата за резерви во игра влегоја: Спасовски, Чилафи и Масевски.

Во второто коло, Тетекс гостува во Гостивар кај ФК Беса.