Георгиевски и Цветковски остануваат на кормилото!

Ве известуваме дека шефот на стручниот штаб Славчо Георгиевски и неговиот помошник Дејан Цветковски и следната сезона ќе го предвода тимот на Фудбалскиот клуб Тетекс – Тетово. Соработката се постигна на обострано задоволство, бидејќи заедничката цел во претходната сезона ја постигнавме и токму поради нив. Со огромна задоволство сакаме да ја споделиме веста дека во клубот остануваат Коста Богоевски (кондициски тренер), Миле Спировски (тренер на голмани) и Ивица Пејовски (физиотерапевт).