Тетекс е фудбалски клуб од Тетово, Македонија, кој моментално настапува во ВМФЛ Запад. Боите на клубот традиционално се сино и бели. Клубот игра на градскиот стадион во Тетово (капацитет 15.000). Клубот е основан во 1953 година под името ,,ФК Текстилец“. Основач на ФК Тетекс е текстилниот комбинат Тетекс и затоа сме познати како ,,Текстилци“. Во почеток ФК Тетекс бил во сенка на ФК Љуботен (оформен во 1919 година), но со својот успех брзо се искачил на врвот на македонскиот фудбал. Составот на Љуботен претежно бил составен од фудбалери со потекло од Тетово, додека нашиот Тетекс бил составен од фудбалери од Македонија и од просторите на Југославија. Од септември 2008 година ФК Тетекс е со ново раководство откако беше откупен од UFA Media Group предводена од Слободан Вујчиќ – Брацо (†1949-2019). На 26 мај 2010 година Тетекс за првпат станал Куп победник на Македонија и дебитираше во Лигата на Европа/УЕФА. Исто така и во 2013 година повторно го освоил Купот на Македонија против најлутниот ривал Шкендија.