Галерија: Меморијален натпревар во чест на Трајан Кочишки – Куљата

Во чест и спомен на Трајан Кочишки – Куљата кој беше член на фудбалскиот клуб „Црно Буки“, на фудбалското игралиште во Црнобуки, се одржа меморијален натпревар меѓу екипите на домаќинот Црно Буки и нашиот Тетекс кој минимално со 1-0 на Дамјан Масевски победи. Во рамките на одбележувањето беше положено свежо цвеќе пред спомен плочата, во присуство на семејството на Трајан Кочишки – Куљата и на претставниците на двата клуба. Голема благодарност до екипата на ФК Црно Буки за убавиот прием и одличната организација.