Митев останува верен на Тетекс

Фудбалскиот клуб Тетекс и голманот Петар Митев ја продолжија соработката на уште една година. Првиот голман од моменталниот состав е еден од фудбалерите со најмногу настапи во дресот на Тетекс. Од друга страна пак клубот го задржа и еден од најголемите таленти, се работи за 18-годишниот голман Марко Ивановиќ. Деновиве ќе бидат преставени и новите засилувања за новата сезона.