Тетекс домаќин против Велешта

Почнува новата сезона 2021/22 во Втората македонска фудбалска лига, а ФК Тетекс утре од 16 часот на Градски стадион во Тетово ја пречекува ФК Велешта во дуелот од првото коло. Со значително реновиран тим, „сино-белите“ ќе се обидат да ги остварат клупските цели, да ја израдуваме нашата публика и навивачката група Војводи. Одредени се службените лица за овој натпревар: Главен судија на мечот ќе биде Благојче Ралевски, а ќе му помагаат Владимир Митревски и Мартин Клочовски (сите од Битола). Четврти судија е Дени Лековски. За делегат на натпреварот е одреден Хајро Бабачиќ од Скопје, додека контролор на судењето е Илчо Јорданоски од Прилеп.

ВАЖНО

Согласно владината одлука за воведување рестриктивни мерки за организирање спортски натпревари, ФК Тетекс ве известува дека кој сака да го поддржи нашиот тим на трибина, мора да прикаже пред влез

Сертификат за целосна вакцинација или потврда за примање најмалку една доза вакцина против Covid-19.

Капацитетот на Градски стадион е ограничен на 50 %.

Ви благодариме.

ИНФО

Цена на билет за овој натпревар и сите останати домашни натпревари ќе чинат по 100. денари, не важи за тие кои си имаат набавено сезонска карта која е пуштена во продажба за 800. денари. Потсетуваме дека сезонските карти може да се набават во билетарата на Градскиот стадион.