Прозивката на Тетекс во понеделник

Утре е последниот ден за одмор на Тетексовите фудбалери. Од понеделник почнуваат летните подготовки за новата натпреварувачка сезона. Првата прозивка е закажана за 17 часот кога ќе има собир на фудбалерите, а во 17:30 часот ќе биде одржан и првиот тренинг на фудбалското игралиште во Порој. Според веќе утврдениот план, првата фаза од подготовките ќе се реализира во Тетово, а главниот сегмент од подготовките ќе се одвива во Охрид. Во понеделник и официјално ќе бидат промовирани новите фудбалери кои ќе ги бранат боите на ФК Тетекс.