Пупе, Блашко, Мики ви благодариме!

Понекогаш доаѓа време кога треба да се сврти нова страница, доаѓа време на промени, а таков „бран“ го зафати и ФК Тетекс. Дојде време младите односно децата на школата да го покажат својот потенцијал и квалитет во првиот тим, кои ќе донесат нови ветришта, ќе го поведат „сино-белиот“ клуб кон нови успеси, кон нови победи. Затоа во овој момент им се заблагодаруваме на сите оние кои што беа дел од Тетекс во изминатата сезона, а кои во иднина нема да бидат во нашиот клуб, барем не како фудбалери. Им кажуваме едно големо БЛАГОДАРАМ поединечно на: нашиот капитен Марјан Билбилоски – Пупе, потоа на заменикот Блашко Николовски, на третиот Мирослав Јованоски за сето она што го сторија за нашиот тим во изминатите неколку години.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ И СРЕЌНО!