Стартувани подготовките во Охрид: Утре против ФК Струга

Фудбалерите на Тетекс од денеска се преселија во охридското крајбреже каде ќе биде реализирана централната фаза од подготовките за новата натпреварувачка сезона 2021/22 во ВМФЛ – Запад. Нашите фудбалери попладнево го одработија и првиот тренинг на кој присуствуваа сите фудбалери кои во моментов се во таборот на шефот на стручниот штаб, Славчо Георгиевски.

Утре од 17 часот со прволигашот ФК Струга е закажан и првиот пријателски натпревар на подготовките во Охрид.