Тетекс ги одработи подготовките во Охрид и се врати во Тетово

Фудбалскиот клуб Тетекс ги заокружи седумдневните подготовки во охридското крајбреже и попладнево се врати во Тетово. Глазурата на формата пред почетокот на новата сезона ќе се реализира во сопствената база, а „генералката“ ќе биде на 14-ти август против ФК Плачковица. Тренерот Славчо Георгиевски и неговиот помошник Дејан Цветковски се задоволени од реализираните активности на подготовките во Охрид. Тетекс во Охрид одигра вкупно три натпревари, победа против Воска Спорт 3-2, нерешено со Гостивар 5-5 и пораз против прволигашот Струга Трим Лум 3-0.