Тетекс поразен на гостувањето кај Беса

Тимот на ФК Тетекс се враќа без бодови од Гостивар. Откако попладнево загуби со 2-0 против ФК Беса во рамките на 2-то коло од ВМФЛ Запад. Стрелци за гостиварчани беа Егзон Азири во 24. минута и Шериф Реџепи во 63. минута. Ова е прв пораз за тетексовите фудбалери во новата сезона. 

1
Митев
23
Христовски
15
Ангеловски
14
Здравкоски
3
Јакупи
11
Поповски
44
Глигоров
6
Спасовски
2
Јакимовски
8
Демири
7
Иванов

Од клупата за резерви во игра влегоја: Адеми, Јовановски, Рилинд Ајдини, Чилафи и Масевски.

Поради репрезентативниот циклус, третото коло ќе се игра на 11-ти септември против ФК Кадино на домашен терен со почеток во 16 часот.