Тетекс поразен од ФК Скопје

ФК Тетекс попладнево го одигра и вториот пријателски натпревар во рамки на подготовките за новата сезона на кој го забележавме првиот пораз од 3-2. Противник беше новиот прволигаш ФК Скопје со кого се носевме достоиствено 90 минути. Нашиот состав прв поведе во 41 минута од натпреварот, стрелец на голот беше Димитар Иванов. Фудбалерите на Скопје изедначија во финишот од првото полувреме со голот на Ален Јашароски. Во второто полувреме шефот на стручниот штаб Славчо Георгиевски им укажа можност на останатите фудбалери да се докажат. Во продолжение од натпреварот нашите фудбалери покажаа голема желба и мотив да го изненадат прволигашот Скопје. Но за жал во 70 минута Скопје постигна гол, поточно Филип Трајановски за водство од 2-1. Потоа во 81 минута Скопје го зголеми резултатот на 3-1 со голот на Алексо Новески. По примениот гол Тетекс постигна експресно гол, овој пат стрелаше новото засилување Дамјан Масевски за конечни 3-2.

На 25.07 не очекува нов натпревар од друг карактер се работи за Меморијален меч во чест на починатиот комесар на ФК Црно Буки, Трајан Кочишки.